Ахмети: Некој сака да ги заплаши Македонците со мои слики од пред 12 години, но тоа е минато


ahmeti_664262149– Ова е посебен ден за Кичево. Овој град им припаѓа на сите кои живеат во него, Албанци, Македонци, Турци, Роми и останати. Деновиве гледам на некои портали некој сака да ги заплаши Македонците со мои слики пред 12 години, но тоа е минато.

Ние сега имаме друга реалност, го имаме Рамковниот договор кој е со меѓународна поддршка. Ние денеска сите заедно гледаме кон иднината, го бараме гласот од сите граѓани без оглед на нивната етничка и верска припадност бидејќи гласот е свето нешто на граѓанинот, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Тој ги повика граѓаните мирно и достоинствено да излезат на гласање и да и дадат поддршка на ДУИ зашто оваа партија, како шо нагласи, гледа кон иднината и просперитетот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1