Лидерот на владејачката Демократска унија за интеграции, Али Ахмети во четврток е повикан да сведочи во Специјалното јавно обвинителство, потврдуваат за Макфакс од Обвинителството.
Тој бил повикан во својство на сведок за предистражна постапка која се води пред Специјалното обвинителство, но од Обвинителството не соопштуваат други детали, за кој случај е повикан Ахмети со оглед на тајноста на предистражната постапка.
Порталот Нова јави дека Ахмети треба да сведочи за случајот „Космос“, односно урива на станбениот објект на бизнисменот Фиат Цаноски за кого имаше сомневања дека е политичка пресметка на власта со него.
Гласот на Ахмети можеше да се слушне во повеќе разговори што ги објави опозицијата, за повеќе случаи.