Ахмети: Претседателот го крши Уставот и прави кривично дело


Претседателот на државата ја блокираше највисоката институција со непотпишувањето на законот за ратификација на Договорот со Грција. Со тоа тој го крши Уставот и прави кривично дело за кое треба да одговара, изјави вечерва лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети при гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија.

– Не сакам првиот човек на државата после кратко време да се најде пред обвинителна клупа за кршење на Уставот. Претседателот е обврзан да ги ратификува законите и договорите кои се гласаат од мнозинството во Собранието – рече Ахмети, додавајќи дека нема сила која може да го спречи договорот бидејќи граѓаните сакаат мир, стабилност, економски развој, демократија и правна држава.

Тој оцени дека случувањата во изминатиот период и потпишувањето на договорот за спорот за името се важни и оти е потребна храброст и поддршка од сите страни во државата.

– Сите треба да имаме храброст овие процеси да не бидат спречени – рече Ахмети, според кого опозицијата треба да биде активен дел од овие процеси.

Во однос на ставот на партијата да не се оди на референдум, туку за договорот за името со Грција да се примени истата постапка како за договорот за добрососедство со Бугарија, Ахмети појасни дека нивниот став е таков бидејќи референдумот може да пропадне од разни надворешни влијанија кои би манипулирале со граѓаните со моќни патриотски фрази.

– Сѐ уште има сили водени од геостратешки интереси кои може да манипулираат. Не сите ја сакаат иднината и мирот во Македонија. Во регионот има групации кои не ѝ сакаат добро на Македонија – рече Ахмети.

Повеќе детали од интервјуто со лидерот на ДУИ Али Ахмети погледнете во
најновото издание на „Само вистина“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1