Ахмети: Република Северна Македонија или Горна Република Македонија прифатливо за Албанците


Република Северна Македонија или Горна Македонија е прифатлива опција за Албанците затоа што е потребен компромис за името, бидејќи има две опции, едната е влез во ЕУ а друга е изолација, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за неделното издание на „Катимерини“, јавува Канал 5.

ahmeti vesnikТој по средбите со грчкиот министер за надворешни работи, а потоа и со министерот за одбрaна, вели на Венизелос му ја потенцирал потребата за соработка помеѓу двете земји, но побарал помош од Грција во евроатлантските интеграции на Македонија.

„ДУИ презеде иницијатива за динамично да се вклучи албанскиот фактор во процесот на изнаоѓање решение за името. Албанците во ФИРОМ се составен елемент и имаме и ние одговорност за нејзината судбина. Бидејќи не сме малцинство кое е дојдено од друга земја. Ние сме од таму и не интересира секој политички потег и секоја одлука, дали за името или за интегративниот процес и не оставаме некој друг да одлучува за нашата судбина. Колку што носи одговорност Никола Груевски, толку сме одговорни и ние“, вели Ахмети.

Лидерот на ДУИ вели дека е потребно сите, и Брисел и САД да ги поддржат напорите на Нимиц, а дека ние немаме друг избор освен решение, преку компромис, за да се отворат вратите на НАТО и ЕУ.

Нимиц во понеделник патува за Атина, а следниот ден треба да се сретне со властите во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1