Србија ја победи Летонија – Македонија има шанси да оди понатаму


Србија ја победи Летонија со 80:71, со што останаа теоретските шанси за Македонија утре со евентуален убедлив триумф да се пласира во следната фаза.

376569_srbija04afpfoto-samuel-kubani_fСрбите не дозволија изненадување и силно го започнаа натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 28:15. Летонците во следните две четвртини фатија резултатски приклучок и следуваше неизвесна последна четвртина.

Сепак, Србите не дозволија никакво изненадување и на крај го завршија натпреварот со победа од 9 разлика.

Доколку Литванија вечер ја победи Црна Гора, Србија утре слави над Црна Гора и Литванија над Босна и Херцеговина, тогаш нашите кошаркари со евентуална победа од 10 поени разлика ќе завршат на третото место во групата и ќе минат во следната фаза со 2 бода.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1