И пред бомбата, и по бомбата, сите работи сме ги направиле во соработка со Вашингтон и Брисел, бидејќи нашата цел е интегрирање во НАТО и ЕУ, затоа и партнер ги имаме нив. Затоа и побарав меѓународен мониторинг со политички тим засилен со правни и истражни експерти, рече во својот говор Али Ахмети, лидер на ДУИ, на тематксиот партиски конгред кој се одржува денеска и утре.
– Побарав ништо да не остане необјавено, да нема дилеми за јавноста, затоа ќе повторам тука пред вас денес, сè што постои за ДУИ, да излезе во јавноста. Дури, секој мој разговор, било за политички активности, било приватен разговор, нека се објави. Јас, пријатели мои, не водам политика со двојни стандарди. Јас, не мислам ноќе какво зло да направам дење. Јас, како мислам, така и зборувам. Како зборувам, така и делувам. Како што зборував со Шипковица, зборував во Речица, имам зборено и во Скопје, но и во Ваштингтон и Брисел. Нашите политики и ставови се стабилни, државотворни и транспарентни. Ние друга агенда немаме. Не водиме политичка конспирација, бидејќи слушам сценарија, најразлични, за наводно тајна соработка со СДСМ или ВМРО за ова или за тоа прашање – рече Ахмети.
Тој рече дека решението на актуелната политичка криза го гледа во итно почнување на политичкиот дијалог меѓу политичките партии со политичко посредување на ЕУ во соработка со Вашингтон, со однапред одреден агенда, со упорност се до нејзино целосно спроведување.