Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!


Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска ги покани лидерите на албанските парламентарни партии на заедничка работна средба за да се разгледа имплементацијата на програмските определби.
Средбата, како што соопшти ДУИ, ќе се одржи во Скопје во хотелот „Александар Палас“.

Од Движењето „БЕСА“ преку соопштение предложија средбата да се одржи во Собранието на Република Македонија, а како точка на дневен ред да биде разгледан извештај од ДУИ и Алијансата за Албанците за тоа што е опфатено во владината програма од заедничката декларација на албанските политички партии и со какви динамика таа ќе се спроведува. Од БЕСА предлагаат на состанокот да се расправа и за изработка на план за Предлог-законот за албански јазик и формирање на работните групи за негова имплементација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1