Криминологот Томас Ногучи, кој непосредно по смртта на Натали Вуд не ги анализирал мострите од ткивото под ноктите на актерката, по што од обвинение бил ослободен нејзиниот сопруг Роберт Вагнер, рече дека сепак станува збор за убиство.
– Го менувам исказот од 1981 година. Сметам дека Натали Вуд е убиена. Тоа го мислев и пред 35 години, кога се удави – изјави во судот криминологот Томас Ногучи (89).
Ногучи по нејзината смрт во 1981 година го испитувал телото на актерката, а дури сега призна дека направил голем пропуст.
Тој не ги анализирал мострите од ткивото под ноктите на актерката, кои можеле да откријат дека Натали Вуд се бранела од некого. Актерката во 1981 година пловела крај калифорнискиот остров Санта Каталина со својот сопруг Роберт Вагнер (86) и со колегата од филм, Кристофер Вокен.
Тие вечерале и се забавувале на јахта на самиот остров. Нејзината смрт тогаш била прогласена за несреќен случај. Иако забележал дека неговата сопруга не била во креветот, Вагнер отишол да спие. Пред зори, крајбрежната стража го пронашла телото на актерката заринкано на плажата. На рацете имала модринка, исеченици на лицето и алкохол во крвта.
Иако Судот тогаш го ослободил Вагнер од сомнежот за убиство на сопругата, многумина сè уште сметаат дека тоа е убиство. Случајот беше повторно отворен во 2011 година откако капетанот призна дека лажел во првичната изјава.
– Прво се скараа Вокен и Вагнер, а откако Вокен отиде да спие, и Натали жестоко се караше со својот сопруг – изјави капетанот. И Вагнер ја признал караницата, но тврди дека не е виновен за смртта на својата сопруга.