Академик Жан Митрев го доби највисокото признание на Штип – орденот „Свети Никола“


Кардиохирургот д-р Жан Митрев е годинашниот добитник на највисокото признание на Општина Штип – орденот на „Свети Никола“. Митрев орденот го прими на свечената академија денеска во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип.

– Посебна чест е да го добијам ова признание, како највисоко на Општината за некој кој е роден Штипјанец и направил многу не само за татковината, но и за својот роден град. Во иднина целосно ќе се вложам себе си, а ова признание е поттик за тоа, Македонија и мојот роден Штип, да ги почувствуваат моите натамошни визии во унапредување на здравствената заштита од аспект на кардиологијата, рече Митрев.zan mitrev

Празнувањето на патрониот празник на градот Штип започна со изнесување и дефиле на светите литии по улиците на градот и сечење на славскиот колач на градскиот плоштад со беседа на митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион. Инаку, Митрев е осми добитник на ореднот „Свети Никола“.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во црквата Свети Никола ги додели и признанијата „Свети Никола“. Добитници се ЈП за државни патишта и директорот Александар Стојанов, потоа Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и директорктата Билјана Вуковиќ, Агенцијата за млади и спорт и директорот Марјан Спасески, новинарот и дописник на „Дневник“, Љупчо Шатевски, професорот Борче Крстевски и Никола Опашинов, Кирил Јорданов и Александра Ангеловска од Општина Штип.

Општина Свети Николе денеска исто така го слави својот празник Свети Никола, кој е заштитник на градот.

– Огромна и неизмерна чест е да се слави светецот, кој со векови го чува нашиот град, што го носи неговото име. Вака да остане и во наредните векови, истакна градоначалникот на Свети Николе, Зопран Тасев.

Денешниот ден, посветен на светецот, кој како што вели неговото житие, се што допрел Свети Никола се позлатило, и се што рекол се остварило, го слават три града во Македонија, како свој заштитник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1