Ако често носите високи потпетици погледнете го ова видео


Научниците собирале над стотици 2Д рендгенски фотографии за да добијат реална слика за изгледот на просечно женско стапало на високи потпетици. Ако често носите високи потпетици, задолително погледнете го оваа видео.

stikle-naslovnicaТочно е дека високите потпетици ги прават жените потенки, поелегантни и поженствени, а на облеката и даваат и доза на гламур. Сепак, тоа добро чувство доаѓа со цената која ја плаќаат `рбетниот столб и нозете. Една неодамнешна студија покажала дека жените кои сакаат мокасини, балетанки и слични ниски чевли, староста ја дочекале со убави стопала, додека жените кои носеле високи потпетици, во длабоката старост имаат целосно деформирани и непривлечни нозе.

Научниците од болницата “North London’s Royal National Orthopedic” се обиделе да направат 3Д видео за да им покажат на жените кои секогаш носат високи потпетици колку всушност тие не се здрави. Ортопедскиот хирург Енди Голдберг, објаснува: “Кога стоите на високи потпетици, цела ваша тежина се потпира на две мали коски кои се наоѓаат под палецот, што може да предизвика проблеми”.

Видеото исто така, покажува како, од носење чевли со високи потпетици, прстите се свиваат надолу, предизвикувајќи трајна деформација, облик на „канџи”, но исто така предизвикуваат и сериозни и долготрајни болки. Ако често носат високи потпетици, погледнете го ова видео.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1