Возачите на Ауди ќе ги изневерат своите партнери почесто од возачите на други марки автомобили, покажало едно истражување.
Истражувањето на сајтот за запознавање партнери “illicitencounters.com” покажало дека сопствениците на „водечките“ марки автомобили повеќе изневеруваат од другите.
Возачите на БМВ, кои минатата година биле на прво место, паднале на второ. После нив следуваат оние кои возат „Мерцедес“, „Волво“ и „Фолсваген“.
Портпаролот на сајтот Мајк Тејлор рекол дека автомобилите откриваат многу за своите сопственици.
Додал дека претставниците на топ пет марките автомобили се успешни, мотивирани луѓе кои нема да се задоволат со нешто што не ги задоволува, било да станува збор за автомобилите или врските.
Возачите на „Пежо“, „Рено“, „Ровер“, „Шкода“ и „Хјундаи“ се наоѓаат на самото дно на листата потенцијални прељубници.