Македонска новинарка вратена од грчка граница


Се смета за опасност за јавниот ред, внатрешната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи на една или повеќе земји – членки на Европската Унија. Ова го пишува во документот што и бил врачен на уредничката во весникот „Дневник“, Ивана Костовска, откако и бил забранет влез во Грција.

ivana dnevnikРегистрирана како непожелна личност во Националниот регистар. Ова на грчки и на лош српски јазик го пишува во документот што и бил врачен на уредничката во весникот „Дневник“, Ивана Костовска, откако и бил забранет влез во Грција.

„Бев изненадена кога на граничниот премин Богородица. Грчките цариници ми кажаа дека не ми е дозволен влез. Барав објаснување, тие не знаеја да ми кажат зошто сум одбиена“ изјави за Алфа, Ивана Костовска, уредник во „Дневник“.
Ивана тргнала на одмор. Била со приватен автомобил, а веќе имала уплатено и седумдневен аранжман преку туристичка агенција. Досега немала проблеми со тамошните власти.
„Последен пат кога бев во Грција известував за Македонците кои живеат во Лутраки. Направив репортажа за тамошните бањи. Не знам како тоа би се сметало за опасност по националната безбедност“ вели Костовска.
Уредничката во „Дневник“ телефонски разговарала со грчкиот амбасадор во Македонија. Договориле состанок за утре. Тогаш ќе дознае зошто Грците ја сметаат за persona non grata.
За случајот Костовска планира да ги извести и меѓународните новинарски здруженија.
Alfa

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1