Ако Фејсбук го изгуби ова судење, сите ќе добиеме по 10.000 долари


Социјалната мрежа Фејсбук е во потенцијални проблеми, бидејќи и се заканува тужба за повреда на приватноста на корисниците. Доколку го изгуби случајот, ќе мора да плати по 10.000 долари за секое кршење на приватноста на корисниците, за една година наназад, а меѓу оние кои имаат профил се шпекулира кој колку ќе добие.hands-holding-money2724991187645861

Според обвинението, кое е поднесено уште во декември 2013 година, Фејсбук скенирал содржина од приватни пораки на корисници за рекламни цели. Со тоа го прекршил Законот за приватност во електронските комуникации и законите за приватност и нелојална конкуренција на државата Калифорнија.

Тинејџерите масовно ја напуштаат социјалната мрежа 

Доколку корисникот во текот на допишувањето со пријателите размени линкови од други страници, Фејсбук ги следи тие линкови да најде информации за корисникот, со цел да направи негов профил со онлајн активности, се вели во обвинението. Исто така оваа социјална мрежа, линкот во приватна порака го третира како корисникот да кликнал на „like“ опцијата на таа страница, која е интегрирана во веќе и онака повеќето веб страници на интернет.

Интернет гигантот се обидува да ги отфрли овие тврдења, наведувајќи дека упадите се законски, бидејќи не излегувале од стандардната рамка на работењето на Фејсбук.Судијата од Основниот суд во Калифорнија, во средата донел одлука дека тужбата против Фејсбук може да оди на суд.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1