Ако имате несакани дејства од лековите – пријавете


И пациентите, а не само лекарите и фармацевтите, ќе може да пријавуваат несакани дејства од лековите, како што се главоболка, поспаност, исип, чешање и други, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските помагала. Несаканите дејства на лековите се 5-та причина по честота за предизвикување смрт при хоспитализација. Лекарите велат дека често имало пријави за несакани дејства од лековите и предупредуваат граѓаните да бидат внимателни кога треба да земат лек.

apcinja– Годинава имавме само 400 до 500 пријави за несакани дејства што е малку за 2 милиона граѓани, додека во светот се пријавуваат и до 4 -5 отсто. Иако кај нас биле пријавени само околу 1 отсто од сите несакани дејства што се случиле, тоа е за двојно зголемено, откако во овие две години го воведовме електронскиот систем на пријавување – вели д-р Димче Зафиров од Националниот центар за фармаковигиланца при Институтот.

Веб-страницата на која може да се пријават несаканите дејства е www.farmakovigilanca.mk, а тоа се однесува и за хербалните лекови и медицинските помагала.

За „дексфенфлурамин“ (лек за третман на дебелина) беа потребни повеќе од 40 години и да го употребат над 50 милиони пациенти во светот за да се открие дека лекот предизвикува валвуларни срцеви оштетувања – нагласува Зафиров.

Во Бирото за лекови појаснуваат дека пријавените несакани дејства добиени од јануари до јули, а ги имало 269, се совпаѓаат со несаканите дејства во упатствата.

– Зошто и од обични лекови, како „андол“ или ацетилсалицилна киселина, кај пациентите кои имаат чир на желудник или на 12-прстното црево може да добијат крвавење од дигестивниот систем. Ако лек за симнување температура се земе во поголемо количество, може да направи некроза на самиот нефрон – оштетување на бубрегот – вели д-р Чолакова-Дервишова.

Повеќе на Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1