Ако ја споменете оваа страница на „Фејсбук“, статусите ќе ви бидат блокирани


„Фејсбук“ на сите свои платформи ја блокираше страницата на малата социјална мрежа тсу.ко

Статусите ќе ви бидат блокирани не само ако на „Фејсбук“ ја споменете оваа интернет-страница, туку таа е забранета да се пишува и во приватните пораки.facebook 3

Оваа страница не можете да ја споменете на „Месинџер“, ниту пак на „Инстаграм“, а Фејсбук избришал повеќе од милион објави кои ја споменувале интернет-страницата тсу.ко

Оттаму образложиле дека линковите за тсу.ком се спам.

Од таму пак, тврдат дека овој потег на „Фејсбук“ е нечесен и дека на тој начин с еобидуваат да се ослободат од конкуренцијата.

– Многу малку луѓе знаат за оваа страница. Кога би се популаризирала, би можела да и предизвика финансиска штета на Фејсбук, сметаат стручњаците.

ТСУ им овозможува на корисниците да ги рекламираат своите производи. Сепак, за разлика од „Фејсбук“ чија цел е профитот од рекламите кои се појавуваат на неговата платформа, тсу зема 11 отсто, на кориснците им дава 45 отсто, а остатокот се дели помеѓу пријателите на корисниците кои ги повикале на социјалната мрежа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1