Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка, рекол Боки 13 во полиција?


Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“, наводно рекол Бојан Јовановски во полиција кога го привеле, објавува српски Курир на насловната страница.

На утрешната насловна страница на српски Курир може да се види фотографија од Боки 13 со неговата мајка, како и со премиерот Зоран Заев и со специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева.

Ако ме обесите и се обидете тоа да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, ме мачите, застрашувате, убаво сега ви кажувам, да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, била заканата како што објавува Курир, што Боки 13 ја кажал во полиција.

Во Србија со голем интерес се следат случувањата поврзани со аферата „Рекет“, каде Боки 13 е добро познат по шоуто „Големиот брат“. Јовановски се дружеше и со повеќе естрадни ѕвезди од соседната земја.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1