Ако навредувате на фејс ве чека суд и парична казна – во Македонија веќе има вакви пресуди


Внимавајте што ќе постирате на социјалните мрежи. Во Македонија паднаа првите пресуди за заканувачки пораки

fejsbuk-svaleracija-1356349461-244955Пресудата е донесена лани.  Основниот Суд во Велес  му изрече условна казна од 100 евра, на лицето Игор К. доколку во следните две години го повтори делото. Игор К. член на Организациониот одбор, „Рацинови средби“, својот фејсбук го користел за испраќање на заканувачки и навредувачки пораки.

Тој  незадоволен од текст на еден новинар, почнал да го навредува. Пријателите на авторот ја прочитале пораката, а истите биле повикани во судскиот процес како сведоци. Судиката ваквата осуда ја донесе врз база на нивните изјави, а никој всушност не можел да докаже, во двегодишниот судски процес кој имал 19 рочишта, дека всушност корисник на фејсбук профилот е самиот Игор К., нешто кое што тој го негирал, велејќи дека некој друг лажно го користел неговото име.

Ова не е првпат да биде донесена ваква одлука. Истиот овој суд поради закани на интернет, Велшанецот Тони Ј. беше парично казнет со 25,000 денари откако на двајца членови од граѓанското здружение „Зелена Коалиција“, им се заканувал поради борбата против рестартирањето на Топилницата на постојната локација во Велес. Тони Ј. испратил електронска пошта, наведувајќи дека неговите родители работеле во топилницата и на тој начин обезбедувале егзистенција. При вештачењето врз комјутерот, било утврдено дека пораките ги испратил токму тој.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1