Француската министерка за спорт, Роксана Марасинеану, неодамна потпиша закон кој се однесува на задолжителна вакцинација за многу други активности, вклучувајќи ги и спортските активности. Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ, доколку не се вакцинира, нема да може да настапи на турниро „Ролан Гарос“ кој ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни.
Претходно беше соопштено дека вакцинацијата е задолжителна и за учеството во „Вимблдон“ и „УС опен“.
Цврстиот став на Новак Ѓоковиќ да не се вакцинира против коронавирусот го натера австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук да го искористи своето дискреционо право и да му ја поништи визата на тенисерот, а со тоа и да му го оневозможи настапот на „Австралија опен“.
По последните мерки во Франција истото го чека и на „Ролан Гарос“ во Франција. Франција го обврзува секој спортист да биде вакциниран против коронавирусот поради јавното добро на земјата