Ако не се вработите по дипломирањето овој факултет ќе ви ги врати парите за школарина


Доколку студентите не најдат работа девет месеци по дипломирањето, британскиот факултет им ги враќа парите од школувањето. „The University of Law” во Гилфорд оваа година одлучи да им плати по 7 000 фунти на сите студенти кои по завршувањето на студиите не се вработиле.univerzitet-gilford

Универзитетот ја донел оваа одлука, затоа што студентите станале се повеќе загрижени за нивната економската состојба, трошоците за живот и можноста за вработување.

Според извршниот директор на Универзитетот Дејвид Џонстон, на студентите помалку важна им е дипломата од колку идното работно место.

– За дипломираните правници, ова значи една работа: обезбедување на договор за обука или работа со полно работно време, по дипломирањето” – вели директорот Џонсон

Тој вели дека Универзитетот ја донел оваа реформа, бидејќи верува дека нивните студенти, по дипломирањето можат да бидат вработени во рок од девет месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1