Ако патувате во Грција, носете кеш – Картичките може и да не ви работат


Економските експерти ги советуваат туристите во Грција да носат евра во банкноти и монети, во случај должничката криза на земјата да се влоши и локалните банки да ги извадат од употреба банкоматите.Greece-Euro-Crisis-300x199

Според економистите, ако земјата не добие итно средства со кои ќе ги покрие своите долгови во текот на летото, Грција може да избере да ја напушти еврозоната.

Освен што би се предизвикал хаос на финансиските пазари, таквото сценарио би довело и до масовно повлекување на депозити од банките, кои пак може да ги сопрат банкоматите, велат експертите. Боб Аткинсон од Travelsupermarket.com ја дава за пример ситуацијата со Кипар во 2013 година, кога банките го ограничија влечењето на средства, а некои продавници и ресторани не примаа порамнувања со картици.

„Ако патувате до Грција во следните неколку недели, по веста проверувајте официјални совети за туристи и дефинитивно потпрете се на комбинација од различни начини на плаќање”, вели тој.

Од Грчката национална туристичка организација (ГНТО) рекоа: „Не очекуваме никакви проблеми со банкарскиот систем во Грција. Ние секогаш ги советуваме туристите да користат комбинација од кеш, дебитни и кредитни картички, а впрочем тоа е најдобар начин да се користат парите, каде и да се патува“.

И од грчкиот туристички совет во Лондон изјавуваат дека иако не се предвидуваат неодамнешни проблеми, посетителите на земјата не треба да се потпираат само на кредитни картички или на локалните банкомати.

Патниците треба „да носат доволно пари за покривање на императивните трошоци и секакви неочекувани одложувања на плаќања по електронски пат“, ја дополнуваат оваа информација од британското Министерство за надворешни работи.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1