Временска прогноза – денес облачно време


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во пладневните часови ќе има појава на краткотраен повремен дожд повремено со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 16 до 23 степени.oblaci mk2

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со појава на краткотраен дожд повремено со умерен интензитет. Ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

За време на продолжениот празничен викенд ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во попладневните часови во овие денови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд.

Во петок и сабота ќе дува и повремено засилен југозападен ветер особено во западните делови од земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1