Ако патувате во овие земји не ви треба пасош


Македонските државјани наместо со патна исправа, може да патуваат со важечка лична карта во Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Со овие четири држави Македонија има потпишано билатерални договори.licna karta

Доколку се одлучите набрзо да патувате надвор од границите на Македонија треба да поседувате доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство.

За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1