Сепак, некои експерти ги доведуваат до прашање бенефитите кои ги има водата по нашиот организам. Тие тврдат дека внесот на повеќе од два литри вода дневно е и повеќе отколку што му е потребно на телото. Некои дури тврдат дека опсесијата со вода може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Сè поголем е бројот на луѓе кои почнале да развиваат зависност од вода. Овие луѓе, наречени аквахоличари, не можат да си го замислат денот без вода.
Професорот Мајк Вајтли, васкуларен хирург, е еден од оние кои се грижат поради преголемиот внес на вода во организмот. Тој тврди дека после подолго време на внесување големи количини на вода, нашиот мозок ќе се навикне на тоа и ќе го очекува секој ден истото. Но, колку вода е премногу?
Професор Вајтли, кој е експерт за хиперхидроза, вели дека претераното внесување на вода е поврзано со проблеми со потење.
„Една од првите работи кои ги прашувам моите пациенти е колку вода пијат. Бидејќи многумина се потат, обично ми велат дека пијат многу вода за да го надополнат нејзиното губење од организмот. Кога ќе им кажам дека зголемениот внес на вода само ја влошува ситуацијата, секогаш се изненадуваат. Ако пиете премногу вода отколку што ви е потребно, телото низ потта ќе се обиде да го исфрли тој вишок“, објаснува професорот.
Тој тврди и дека големите количини на вода пред спиење може да го нарушат сонот.
„Кога спиеме, нашиот мозок отпушта ADH, односно анти-диуретик хормон, за да ја успори функцијата на бубрезите и да не` спречи често да уринираме. Ако испиете две чаши вода пред спиење, таа дополнителна течност ќе го намали влијанието на анти-диуретик хормонот на бубрезите, па ќе мора да станувате навечер и да одите во тоалет. Негова препорака е најмалку два часа, а уште подобро три часа пред спиење да избегнувате течности.
Дали е можно да се умре од труење со вода?
Жакелин Хенсон во 2008 година, во тек на една строга диета поради која испила четири литри вода за само неколку часа, починала од труење со вода. Експертите објаснуваат дека вакво нешто е можно, затоа што ако внесеме преголема количина на вода во многу краток временски период, бубрезите не можат брзо да исфрлат толку течност.
Колку течности дневно ни се потребни?
Најчесто ќе чуете препораки дека е потребно да се внесуваат два литри вода дневно. Водата навистина ни е потребна за бубрезите да функционираат нормално и за да не дехидрираме, но не е единствена течност која би требало да ја внесуваме. Иако би требало да избегнувате алкохол, како и засладени сокови, би требало да се пијат други течности, како на пример природни сокови од овошје и зеленчук.
Како да знаете дали сте внеле доволно вода?
Количината вода која некому му е потребна, зависи од градбата на телото, окружувањето во кое живее, но и климатските услови. Колку сте покрупни и поактивни, толку повеќе ви се потребни течности. Исто така, колку е потопло времето надвор, толку ви е потребно и повеќе вода.