Ако планирате излет на овие места најдете алтернативен пат – затворени патишта викендов


Сите туристи кои за време на продолжениот празничен викенд ќе ја посетат Крива Паланка и најпосетуваната дестинација во општината, манастирот Свети Јоаким Осоговски, да ги користат двата алтернативни патни правци до манастирот бидејќи на постојниот асфалтен пат има поголемо свлечиште и одрони, апелира денеска градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски.

rabota na pat 2

На асфалтниот пат до манастирот сообраќајот се одвива отежнато поради одроните кои се појавија неодамна на делот на околу 150-200 метри од исклучувањето од главниот пат кон манастирот, а од 27 овој месец активна е забрана за сообраќање со целосен прекин во ноќните часови во периодот од 19 часот попладне до 9 часот наутро.

Според Алексовски, со оглед на најавените добри временски услови за деновите од викендот, се очекува во манастирот да дојдат илјадници туристи од околните градови и земјава, кои треба да ги користат алтернативните патни правци.

– Поради најавеното одлично време очекуваме како и секоја година голем број туристи во општината за време на првомајските празници. За пристап до манастирот ќе можат да го користат т.н. „Руски пат“ како и пробиениот нов пат кој од главната улица во градот преку земјен пат води до големиот свиок на постојниот асфалтен пат, изјави Алексовски.

Од општина Крива Паланка апелираат за крајно внимателно управување со возила до сите учесници во сообраќајот во претстојните денови, а од територијалната противпожарна единица нагласуваат сите кои ќе престојуваат во природа да ја почитуваат забраната за палење оган на отворен простор бидејќи зголемените температури се дополнителен ризик за појава на пожари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1