ПРОГНОЗА: Какво време не очекува денеска?


Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој поизразен ќе биде во западните делови.

Утре наутро ќе биде посвежо со минимална температура во интервал од 1 до 9 степени, а преку денот ќе се задржи топло со температура од 19 до 25 степени. oblaci mk2 (2)

Во Скопје: Претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од променлив правец.  Утринската температура ќе биде 4, а дневната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:  За време на продолжениот празничен викенд ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Само во сабота во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Во почетокот на работната седмица ќе има значителен пораст на температурите. Веќе во вторник и среда во јужните делови од земјава се очекуваат  температури и над 30 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1