Владата пресече: Државната матура по стар концепт, екстерното останува


Државна матура оваа година ќе има, ќе се полага по стариот концепт, ова е епилогот од средба меѓу претставници на Средношколскиот пленум, министерот за образование Абдилаќим Адеми, вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

Вицепремиерот Владимир Пешевски потврди дека конечна е одлуката годинава да се полага државната матура според стариот концепт, а понатаму ќе се формираат работни групи на сите засегнати страни за да се бара прифатлив концепт за сите.eksterno test

– Владата и Министерството за образование донесоа свој конечен став во однос на начинот на којшто ќе се полага матурскиот испит оваа година. Имено согласно разговорите со заинтересираните страни, ученици, професори, како и консултации со експерти, одлучивме оваа година матурскиот испит да се полага согласно стариот концепт, односно математиката да не биде задолжителна и да не постои електронско тестирање. Исто така свесни сме дека постојат можности за унапредување на концептите коишто беа разгледувани во изминатиот период за која цел ќе бидат формирани соодветни работни групи во коишто сите оние коишто треба да бидат претставени ќе бидат повикани и ќе се дискутира за понатамошно утврдување на концептот за матурскиот испит за следните години – посочи тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1