Ако правите пари а немате фирма – казни и до 20 000 евра


Увозниците на половни автомобили и физичките лица-инвеститори на згради, како и тие што без фирма остваруваат голем профит нудејќи услуги ќе бидат први на удар по донесувањето на Законот за забрана и спречување вршење на нерегистрирана дејност, кој веќе е во собраниска процедура. Во овие дејности се остварува голем профит, но се избегнуваат давачките кон државата, бидејќи како увозник на половни автомобили и инвеститор на цели станбени комплекси наместо фирма, се јавува физичко лице.

pari mito zema

Затоа тие ќе мора да регистрираат фирма или се соочуваат со ригорозни казни, кои достигнуваат и до над 20.000 евра. Молери, електричари, водоводџии, хигиеничари, пазарџии, односно сите што повремено нудат услуга, а кои беа опфатени во првата верзија на законот, куртулија и нема да треба да треба да регистрираат фирма. За разлика од првичното предлог-решение, во најновото се дуплирани казните за прекршоците од овој закон. На тапет ќе се најде и фирмата што објавува огласи ако не побара документи за регистрацијата на правното лице, кое е огласувач и една година не ги чува податоците. Се дефинира и што значи значи семејна и соседска помош, кои со овој предлог се дозволени. При изготвувањето, земени се искуствата од Хрватска и од Словенија, кои веќе имаат донесено вакви закони.

Ако во првичниот предлог глобите за прекршок достигнуваа до 9.000 евра, со конечното решение тие се дуплирани. Така глоба во износ од 10.000 до 20.000 евра ќе му се изрече за прекршок за нерегистрирана дејност на работодавач-правно лице. Глоба во износ од 3.000 до 10.000 евра може да заработи физичкото лице за нерегистрирана фирма, а казна во износ од 2.000 до 3.000 евра може да му се изрече за прекршокот на работодавач-правно лице како соучесник.

Сосед може да ви поправа само ако живее до 300 метри од вас –  под „соседска помош“ се подразбира „вршење работа помеѓу соседите кога помеѓу нив постои близина на живеење до 300 метри во урбаната средина, односно во рамките на исто населено место во руралната средина, без склучен договор за работа. Односно работата се врши без паричен надоместок или друга материјална корист и истата не се врши редовно“, стои во предлог Законот.

Додека, пак „семејна помош“ е активност што ја врши физичкото лице во корист на лицето со кое е во роднинска врска или однос на старателство, како и на лицето со кое живее во заедничко домаќинство, без оглед на тоа дали се во роднинска врска, стои во предлогот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1