Најновото истражување покажува дека трудниците кои конзумираат алкохол или пушат за време на бременоста имаат големи шанси нивното дете да е хомосексуалец. Исто така жените кои се под стрес за време на бременоста имаат поголеми шанси нивното дете да биде геј.
Животниот стил на новите мајки влијае на сексуалната определба на нивното неродено дете, тврси експертот за неврологија Дик Сваб.
„Бремените жени кои се изложени на стрес би можеле да родат дете кое ќе биде хомосексуалец поради нивото на хормонот за стрес – кортизол кој влијае на сексуалните хормони на детето“, тврди тој.
Дик Сваб вели дека сексуалноста на детето се одредува уште во стомакот на неговата мајка, а не како што многумина тврдат дека тоа е личен избор и начин на живеење.