Ако сакате VIP Паркинг место во Скопје ќе се олесните минимум 4000 денари


Ако сакате да имате сопствено паркинг-место во една од двете нови катни гаражи во центарот на градот, тоа ќе ве чини најмалку 4 000 денари месечно.

BG--garazaГрадот Скопје под закуп нуди нешто повеќе од илјада паркинг-места во катните гаражи кои се градат кај поранешниот Цветен пазар на улицата “Мито Хаџивасилев-Јасмин” и кај ТЦЦ Плаза. Иако нивната изградбата се уште не е целосно завршена, сепак Градот во нив нуди закуп на паркинг-места како и на деловен простор.
За оние што ќе сакаат да си обезбедат сопствено паркинг-место во една од двете катни гаражи, ќе мораат да конкурираат за учество на јавното наддавање.

Постапката за давање под закуп на паркинг-места во катните гаражи ќе се врши по пат на усно јавно наддавање. За местата во гаражата на улицата “Мито Хаџивасилев-Јасмин”, спроти дирекцијата на Макпетрол наддавањето ќе се одржи на 2 април од 10 часот во салата на Советот на Град Скопје, барака број 13, а наддавањето на паркинг-местата во катната гаража на улица “Даме Груев”, кај ТЦЦ Плаза на истиот ден во истата барака само од 13 часот.

Доколку почетната сума на лицитациите од 4 000 денари се разложи на 30 дена, корисниците би плаќале по 133 денари за паркирање на ден, без разлика колку тоа го користат.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1