Од ЕВН велат дека може да избувне пожар доколку станарите одлучиле да се греат на струја, а претходно не побарале нова енергетска согласност и адаптација на системот за поголем проток на струја
Станарите во зградите што сакаат од парно греење да се префрлат на струја, мора да добијат нова инсталација. Системот треба да биде погоден за влечење појака струја, оти постојната е направена за мал проток и не одговара за голем напон.
Од ЕВН велат дека може да избувне пожар доколку станарите одлучиле да се греат на струја, а претходно не побарале нова енергетска согласност.
Не може да се направи целосно префрлање на струја, ако претходно не се инсталира соодветен систем. Може да си го доведат животот во опасност, бидејќи системот нема да издржи”, вели Ленче Карпузовска, портпарол на ЕВН.
Станарите треба да повикаат екипи да излезат и да направат проценка каде и дали може да се изгради нов систем.