Ако сте доволно луди – овој човек ќе ви понуди работа!


Визионерот, основач и извршен директор на SpaceX и Tesla Motors, Елон Маск, е млад и успешен човек, но важи за строг шеф и неуморен работник. Маск работи по 20 часа дневно и истото го очекува од своите вработени.

Сакате ли да знаете како изгледа интервјуто за работа со Елон Маск?

elon-maskk

Новинарот Ешли Венс во книгата „Elon Musk: Tesla, SpaceX, and the Quest for a Fantastic Future“, што ќе биде објавена на 19 мај, вели дека тој се однесува студено и незаинтересирано кон вработените. Еве како тој го опишува интервјуто со Маск:

„Елон веројатно ќе продолжи да пишува мејлови и да работи во првиот дел од интервјуто, така што нема многу да зборува. Тоа е нормално. Со текот на времето ќе го сврти столот кон вас, но дури и тогаш веројатно нема да ве погледне во очи или ќе се однесува како да не сте присутни. Но, без паника, тоа е нормално. Во свое време, тој ќе ви се обрати“, опишува новинарот.

Тоа не е сè, Маск има омилена загатка што им ја поставува на кандидатите:

„Стоите на површината на Земјата. Одите 1.5 километар кон југ, 1.5 километар кон запад и 1.5 километар кон север. Доаѓате на местото од кое сте тргнале. Каде се наоѓате?“

Иако интервјуто и процесот на вработување на прв поглед изгледаат застрашувачки тие не се ништо во споредба со тоа што Маск го бара од вработените. Тој го следи правилото на Стив Џобс за поставување на невозможни задачи на вработените, а потоа јавно ги критикува ако не успеале да ги исполнат.

„Значи, дури и ако ја добиете работата, работењето за Маск не е како обична прошетка во парк. Вашиот живот ќе стане пекол“, му рекол еден поранешен вработен во Tesla на новинарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1