Сопругата на хрватскиот премиер ја шокираше нацијата откако изјави за Хрватското радио на тема здрава исхрана дека црниот леб кој е поскап, но похранлив, можат луѓето во Хрватска да го сечат на потенки парчиња.
– Црниот леб кој го препорачуваме е поскап од белиот, но можете само да го сечете на потенки парчиња. Тоа е поевтино и поздраво. Следниот ден кога тој леб е дехидриран, е уште подобар за јадење. Треба да го разбиеме митот за тоа дека здравата исхрана е поскапа, бидејќи тоа е поевтино оти се јаде помалку храна, изјави Сања Мусиќ Милановиќ.
Таа е директор на одделот за промоција на здравје во Хрватскиот институт за јавно здравство.
Во емисијата Избери здравје, таа им препорача на граѓаните продукти кои би требало да бидат составен дел од исхраната меѓу кои беше нагласено за конзумирањето црн леб кој е поскап од белиот поради што и препорача решение за тој финансиски проблем. Според сопругата на хрватскиот премиер, „правилната исхрана е сиромашна храна “ и потенцира дека не е точно оти здравата исхрана е поскапа.