Ако Унгарија ја затвори границата, тоа ќе мора да го сторат и Македонија и Србија


Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов за „Танјуг“ изјави дека ако Унгарија ја затвори границата за бегалците, тоа ќе мора да го сторат и Македонија и Србија, бидејќи нема друго решение.migranti-ungarija

– Овој проблем не го измислија ниту Македонија, ниту Гевгелија, туку тоа е глобален проблем. Проблемот влегува низ држава која е членка на ЕУ, а тоа е Грција – изјави Франгов.

Тој додава дека очекува поголема поддршка од УНХЦР.

– Проблемот останува овде. Хуманитарците доаѓаат и си одат, но проблемот останува во градот – вели Франгов за „Танјуг“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1