Ако ве касне змија додека сте на Дојранско или на Преспанско Езеро – ве спасува само ракета


Ако ве касне змија во Стење, Крани, Асамати или Претор, треба да поминете најмалку четириесетина километри со автомобил или, народски речено, околу 30 минути превоз за да стигнете до најблиската болница за да примите серум. Во овој случај не станува збор за болницата во Ресен, која нема противотров, туку спас мора да барате дури во Клиничкиот центар во Битола, пишува ПлусИнфо

zmija kasnuvanjeБидејќи во Дојран нема болница, најблискиот противотров може да ви биде даден или во Валандово или во Гевгелија. Од гевгелиската болница велат дека и матичните лекари кои имаат услови за чување можат да им излезат во пресрет на граѓаните кои ќе имаат потреба, но за жал, неколкуте лекари од овој крај велат дека немаат противотров во своите амбуланти. Тоа значи дека ќе треба да минете најмалку 23 километри до Валандово или триесетина до Гевгелија.

Во Македонија опасни по животот на граѓаните се отровниците поскок, шарка и степска лутица.  Поскокот има изразито сива боја, а достигнува должина до еден метар со карактеристично рокче на врвот на носот. Од главата па сè до опашката се забележува карактеристична темна крива линија, по која најчесто се препознава овој вид на змија.

Шарката  бавна, со многу кратка опашка и сплосната глава. Мажјаците се помали од женките и имаат сива боја, додека женките се црвенкасто-кафени. И двата пола по должината на грбот имаат темна пруга со темни дамки по страните. . Отровот дејствуува бавно и не е многу силен, но сепак може да усмрти и човек. 

– Лицето кое е каснато од змија мора да го смирувате, да не се паничи, бидејќи така побрзо се шири отровот низ телото. Во меѓувреме, местото каде што е каснато треба да го имобилизирате, а ако се екстремитети, да се стават под нивото на срцето, за да се намали ширењето на отровот. На раната немојте да ставате алкохол, ниту каква било друга хемиска течност или вода, и мора да биде транспортиран во болница без разлика дали некој тврди оти змијата е отровна или неотровна – вели инфектологот Коста Митревски.

Еве што треба да направите доколку ве касне змија?

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1