Ако влеземе во ЕУ ќе мора да ги почитуваме овие 10 бизарни закони


Од законот дека бананите треба да имаат одредена големина и ширина и каква светилка ќе користите во својот дом, до тоа да ви биде одредено дури и каква боја на канта за отпадоци ќе користите.

Ова се 10-те бесмислени закони, кои што ги налага ЕУ.

Банана

ne vo euСпоред прописите сите банани, кои што ги увезува ЕУ мора да имаат најмалку од 14 сантиметри должина, а 2,7 сантиметри широчина. Овошјето не смее да биде оштетено, ниту премногу зрело. Објаснувањето за овој пропис е во тоа што во продавниците ќе се наоѓа само свежо и здраво овошје. Димензиите во некои случаи навистина се важни, но никому не му е јасно зошто е таков случајот и за бананите. Продажба на храна ЕУ во 2010 година издаде предлог-пропис според кои цените на секој вид храна ќе бидат поврзани со нејзината тежина, а не количина.

Тоа значи дека кога ќе сакате да купите јајца, нема да барате на пример десет јајца, туку во килограми.

Краставички

До пред три години беше забрането да се продаваат краставици, кои имаат прав облик.

Балони

Децата кои се помали од 8 години, не смеат да држат балони кои што се наполнети со хелиум, без надзор на возрасно лице.

Мед

med444Општо е познато дека повеќето од нас кога ќе здогледаат пчела бегаат од неа, но никој досега не се сетил додека појадува мед, да размислува за неговата електрична спроводливост.

Но, овој закон има малку смисла, бидејќи со микросименси се одредува класификацијата на видот на медот.ЕУ одредила дека таа не смее да биде поголема од 0,8 микросименси по сантиметар.

Штекер

Ако отидете во Велика Британија, Ирска на Малта или Кипар нема да може да го вклучите својот фен за коса, доколку не носите и штекер.

Сијалици

EUflag_incand_CFL__468_313

Ова е еден од најспорните прописи на ЕУ.

Имено овој закон е донесен со цел да се заштеди енергијата. Инаку, ниту сијалиците кои се дозволени за употреба не се најдобри за заштита на природата.

Некои од нив содржат отровна жива, која бара внимателно пакување при фрлање во отпад.

Канта за хартија

Дали некогаш при купување на канта за хартија сте размислувале за нејзината боја? Постојат држави во кои стриктно е одредено во која канта кој отад ќе се фрла, па така во Германија е пропишано таа да биде во сина боја.

Во некои држави е зелена во други жолта, а некаде сметот и не се одвојува.

Семафори

partizanska-semaforВо Стокхолм, Берлин, Рим, Загреб, Лондон, Париз или Варшава, знакот на семафорот за пешаци се разликува. Во Германија на пример, во еден град може да видите голем број различни семафори.

Патување со воз

На пример возење со воз од Талин до Лисабон. На патот ќе тргнете со воз по шини кои имаат растојание од 52,4 сантиметри, но кога ќе пристигнете до Европа ќе мора да преминете во друг воз, бидејќи тие шини имаат растојание од 143,5 сантиметри. Во Шпанија повторно ќе мора да се префрлите во друг воз, бидејќи таму железничките прописи се такви што шините мора да имаат растојание од 167,2 сантиметри и на крај во Португалија повторно мора да го смените возот, бидејќи тука растојанието помеѓу шините е за дури 7 милиметри помало.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1