Средоземното Море на туристите вообичаено им е вистинска слика на рајот – прекрасни плажи, чисто море, модерни апартмани, добра услуга. Вака е во повеќето крајбрежни градови. Но, еден град на Средоземно Море ја нарушува оваа слика. Станува збор за Вароша на Кипар – сосема е празна, 365 дена годишно и така е веќе четири децении. Вароша е град на духови, заради што веројатно е најпосебната дестинација на Медитеранот.
Вароша некогаш беше ексклузивно место. Пред да биде напуштена во 70-тите години на минатиот век, била една од најпосетуваните дестинации на светот. Заради туризмот, кој таму бил бизнис број еден, градот е преполн со хотели. Вароша била локација која ја посетувале холивудски ѕвезди како Елизабет Тејлор и Ракел Велч во раните 70-ти години и тогаш се чинело дека ќе станува се попопуларна.
За време на туристичкиот бум започнала изградба на многу луксузни хотели, но многу од нив останале недовршени. Што се случило?
За жал, политиката како што често се случува, се замешала и променила се. Особено кога Турците извршиле инвазија на Кипар во 1974 година, Вароша станала жртва на конфликтот. Локалното население го напуштило градот кога низ него започнале да се шетаат грчки и турски војници.
Кога Турците целосно го презеле градот, се опкружиле со ограда и официјално им забраниле на сите да се вратат и таму да живеат. Меѓународните политички тела се обиделе да договорат на жителите на градот да им се дозволи враќање, но без успех.
Официјално, се уште е незаконски за кој било да влезе во Вароша, до таа мера што Турците поставија ограда околу целиот град уште од 1974 година и на војската и издадоа наредба да ги убијат сите што ќе се обидат да влезат. Таа наредба е уште на сила.
Faktor.mk