Еве како изгледаше свадбата на девојчето кое се омажи на 12 години (видео)


Девојчето со име Теа од Норвешка твдеше дека со само 12 години веќе станала невеста. Таа на интернет ги објавуваше сите информации за нејзината венчавка за 37-годишниот верени Гир.

Теа пишувала буквално се, од тоа како заедно ја пробале тортата, како го одбирале цвеќето, па се до нејзината нервоза околу првото нејзино сексуално искуство.svadba devojce

Нејзиниот блог штом се појави ја возбуди Норвешката јавност и „ја дигна на нозе“, а како што можете да претпоставите, голем број луѓе се обиделе да ја контактираат власта за да го пријават случајот на детстка венчавка кој е забранет.

Доколку Теа навистина би се омажила, би била само една од 39.000 девојчиња кои се присилени на вакви бракови.

Меѓутоа, набрзо беше откриено дека целата оваа приказна всушност била кампања на интернационална организација која се залага за правата на девојчињата, особено младите невести ширум светот.

Измислената венчавка беше закажана за 11 октомври, Меѓународниот ден на девојчето.

Девојчињата кои се присилени да влегуваат во вакви бракови главно се сиромашни, а сите нивни сништа се уништени кога тие буквално стануваат сопственост на новните сопрузи.

Целта на кампањата била да се сврти вниманието на јавноста за овој проблем, а во тоа очиглено и успеале.

Погледнете го видеото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1