Два дена ги делат пратениците од стартот на расправата за уставни измени. Во меѓувреме, премиерот Заев ќе разговара со БЕСА за да ги испеглаат ставовите.
Осуммината пратеници кои опозициската ВМРО ДПМНЕ ги исклучи од партијата нема да му дадат поддршка на владеачкото мнозинство бидејќи нема да го дадат гласот „За“ уставни измени доколку Заев одлучи да му ја исполни желбата на Касами и доколку терминот „македонско“ се избрише од документите, бидејќи тоа е спротивно на гаранциите за јакнење на идентитетот, пишува Фактор.
Последната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа почнува утре.