АКРОБАТ НА „Cirque de Soleil“ ЗАГИНА ПРИ ПАД НА НАСТАПОТ НА ФЛОРИДА


Акробат на светски познатата група „Сирк де солеј“ почина по пад за време на настапот во Тампа, Флорида.

Триесет и осумгодишниот Јан Арно учествувал во точка која вклучува висечки ленти, кога паднал од голема височина. Тој им подлегнал на повредите во болница.

„Целото семејство на ‘Сирк де солеј‘ е во шок. Јан беше со нас 15 години и беше сакан од сите кои го познаваа“, соопшти групата.

Компанијата кажа дека ќе соработува со властите за да се испита што тргнало на лошо.

„Беше ужасно. Можеа да се слушнат вресоци на целата публика, во којашто имаше и доста деца“, изјави еден сведок.

Ова не е прва ваква трагедија што ја погодува групата. Во 2013 година, Сара Гијо-Гајард загина за време на шоу во Лас Вегас, а во декември 2016 година смртно настрада и синот на основачот на групата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1