Актерката има 19 килограми и моли за живот: Ниту една болница не сака да ја лекува (Видео)


Американската актерка Рејчел Фарок(37) веќе 10 години се бори со анорексија. Сега таа има 19 килограми и моли за помош.

Рејчел е висока 170 сантиметри но има само 19,5 килограми, во моментот не е способна да се движи, ниту пак да се грижи за себе.

Иако во последните 10 години неколку пати била хоспитализирана, во овој стадиум на нејзината болест ниту една клиника не може да и помогне бидејќи шансите да преживее.

506915_jutjub_f

Нејзиниот сопруг Род Едмондсон бил принуден да даде отказ на работа за да се грижи за неа 24 часа.

Поради ова Рејчел направила потресно видео за да го привлече вниманието на јавноста и го замолила за помош.

– Потребна ми е вашата помош.Никогаш ништо не сум барала, но сега очајнички ми е потребна помош. Подготвена сум да сторам се за да оздравам и ако постои било што што може да направите, ве преколнувам да го направите тоа за да ми го спасите животот – вели Рејчел во видеото.

Нејзиниот сопруг направил интернет-страница за да соберат пари за нејзино лекување. Постои една клиника која би можела да и помогне но шансите да преживее се многу мали.506916_91735-rejcel-nekad-630x0_f

Анорексијата со која се бори со години предизвикала многу други проблеми со срцето, црниот дроб ,бубрезите и цревата.

Род за Рејчел вели дека е мила, добра и љубезна и дека отсекогаш повеќе се грижела за другите отколку за себе.

– Оваа болест доаѓа со емотивната и менталната болка која некој предолго време ја држи во себе. Луѓето мислат дека оваа болест едноставно се лекува и дека храната е единствен лек. Оној кој долго време се изгладнува буквално се обидува да исчезне. Не сакам мојата сопруга да исчезне – напишал Род.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1