Актерката Стиви Рајан пронајдена мртва


Американската глумица Стиви Рајан (33) почина откако, како што пишуваат американските медиуми, извршила самоубиство.

Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Рајан починала во саботата и дека веројатно се работи за самоубиство.

Пред немилиот настан, глумицата објави неколку потресни статуси посветени на нејзиниот смртно болен дедо.

– Мојот човек од соништата кој ќе го гледам само во соништата. Ќе се сретнеме наскоро. Те сакам, дедо, гласи придружниот коментар на една од сликите објавени на Инстаграм.

Неодамна таа говореше и за тормозењето што го трпи со коментарите под нејзините Јутуб видеа.

Стиви глумеше во телевизиското шоу „Стиви Ти-Ви“ кое претставува еден вид пародија на поп културата на канал ВХ-1, а се прослави со имитациите на Ејми Вајнхаус, Лејди Гага и Џастин Бибер. Глумеше и во трилерот „Џон До; Дневникот на серискиот убиец“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1