Аквадуктот, Стоби и Плаошник ќе ги снема?


  Мајкл Шмит и Брита Рудолф од Институтот за културно наследство од Германија во два наврати изминатово лето беа заедно на терен со нивните македонски колеги. Деновиве во Скопје на стручната јавност и понудија Извештај од шеесеттина страници кој велат дека е добра основа за идните преземња во однос на спречување на ранливоста на кулутрното наследство под закана на климатските промени,пишува Дојче Веле.

akvadukt1Во Студијата за трите локалитети Аквадукт, Стоби и Плаошник се вели дека може да се очекуваат појави кои ќе предизвикуваат значителни оштетувања, предизивикани или забрзани од климатските промени. Градбите градени пред векови и во други климатски услови ќе имаат потреба од адаптивни мерки. Претпоставка е дека во следниве децении ќе се зголемува влажноста, а со тоа и ризиците од влага, кондензација, и распаѓање на дел од материјалите.

Дождовите и поплавите опасност за Аквадуктот, Стоби и Плаошник.

Врз Аквадуктот лоциран крај реката Серава и на рид во близина на Скопје се очекува климатските промени најмногу да влијаат на статиката и структурниот интегритет на споменикот. Мрзнењето и топењето, пообилните врнежи и поплави и се почестата заситеност на почвата од вода во иднина ќе бидат главен непријател на градбата. Слична судбина го очекува и археолошкиот локалитет Стоби. Реките Вардар и Црна уште од антитчко време го поплавувале просторот. Тепературите околу нулата, зголемените количини од дожд и непредвидливите поплави ќе влијаат на структурната стабилност на арехолошките остатоци како и врз градежните материјали. На пример сивецот како најзначаен материјал за градење во Римскиот период е најранлив на климатските промени и се манифестира со негово лижење и распаѓање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1