Парното е штетно


Зимата нè принудува повеќе време да поминуваме во затоплените простории во својот дом. Сите сакаме да се „лепиме“ до парното или останатите грејни тела за да си ги стоплиме коските. Меѓутоа, овие апарати кои ни го олеснуваат животот во зима, имаат своја голема мана – го сушат воздухот кој неповолно влијае на нашето здравје.

Студиите покажале дека сувиот воздух има четири главни делувања на човечкото тело:

parno– вдишувањето на сувиот воздух е потенцијална опасност за здравјето кое може да предизвика респираторни болести, како што се астма, бронхит, синусит, крвавење на носот или општа дехидратација, бидејќи се намалува количината на телесните течности во текот на дишењето.

– испарувањето на влагата од кожата може да предизвика иритација на кожата и чешање на очите.

– ако е намалена влагата во воздухот, доаѓа до статичен електрицитет – благ шок при допирањето на металите.

–  „субјективната “ температура на воздухот е помала од онаа на која укажува термометарот, и на телото му студи.

За да се надокнади недостигот на влажност во воздухот, белите дробови произведуваат повеќе слуз. И токму оваа дополнителна слуз може да им направи проблем на астматичарите. Наједноставен начин за да го решите овој проблем е да пиете големи количини вода. Секако, тоа не значи да испиете многу вода во текот на самиот напад на астмата. Исто така, треба секогаш да го земате лекот кој ви го препишал лекар на начин на кој што ви објаснил.

radijatorПроблемот на сувиот воздух може да се намали со зголемувањето на релативната влажност во затворениот простор со помош на овлажнувачи на воздухот, односно со разни методи на испарувања на течности од поставените садови. Можат да помогнат и влажните крпи поставени на грејните тела -радијаторите.
Освен тоа, колку што е помала температурата во собата, толку е полесно да се постигне саканата влажност на воздухот. Набавете си хигрометар кој ќе ви помогне во утврдувањето на влажноста во воздухот.

Што се однесува до субјективното чувство на топлина, тоа зависи од влажноста во некоја просторија и може да варира и по пет или шест степени на истата температура, доколку влажноста се менува од 10-80 отсто. Човечкото тело се лади кога е изложено на сув воздух, а чувството на студ опаѓа кога се намалува влажноста. На пример, на температура од 21 целзиусови степени, лицето чувствуа поголем студ доколку влезе во соба со сув воздух по излегувањето од влажното купатило.

Пријатна температура се постигнува на 23 Целзиусови степени со релативна влажност во воздухот од 20 отсто.

Плус инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1