Ал Бакр се самоубил со својата маица


Сириецот Џабер Ал Бакр, кој беше осомничен за подготвување терористички напад, а беше уапсен откако го предадоа тројца негови сонародници во Лајпциг, во затворската ќелија се самоубил користејќи ја маицата што ја носел на себе, јави дописникот на МИА од Берлин.download-4-192

Според германските власти, тој бил целосно проверен од затворските чувари 15 минути пред да си го одземе животот.

Управникот на затворот каде што беше затворен Ал Бакр, Ролф Јакоб изјави дека проверката била извршена во 7,30 ласот, а Џабер веќе бил починат во 7,45.

Меѓутоа, министерот за правда на покраината Саксонија, Себастијан Гемков изјави дека Ал Бакр бил прогласен за починат во 8,15 часот.

Предходно Ал Бакр ја искршил сијалицата во неговата ќелија, по што била исклучена струјата.

Герамнската полиција и обвинителство забележале дека постои опасност од самоубиство, но сметале дека нема акутна опасност сирискиот исламист да си го одземе животот.

– Јас сум неверојатно шокиран и апсолутно без зборови дека вакво нешто можеше да се случи – вели бранителот на Ал Бакр, Александер Хебнер.

Покрај Ал Бакр германските власти во притвор имаат уште еден осомничен за подготвување терористички напад, Калил А., кој беше уапсен во истата акција со него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1