Аларм на аеродромот Тегел во Берлин


Попладнево целосно е блокиран пристапот кон берлинскиот аеродром Тегел каде на терминалот А е пронајден сомнителен багаж без човечка придружба.4berlin-500

Багажот е уништен од страна на експертите за експлозиви на германската полиција а во него немало опасни материи.

Багажот е пронајден околу 13 часот и 30 минути по што сите пристапни патишта кон аеродромот биле затворени. Километарските колони возила во делот од Берлин каде што се наоѓа најстариот аеродром во германскиот главен град продлжиле и по одстранување на опасноста и вратеното слободно движење на патниците кон и од аеродромот.

За време на полициската операција и покрај блокадата на движење за патниците не биле одложени слетувањата и полетувањата на аеродромот Тегел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1