Алармантно: Инспектори во Скопје открија новогодишни играчки и украси опасни за користење


Небезбедни детски играчки и неисправни новогодишни светилки и украси. Засилените контроли на државната пазана инспекција откриле рафтови полни со производи кои не ги почитуваат основните стандарди за безбедност, јавува Сител.

kineska-prodavnica-igracaka

Во изминативе 10 дена неколку видови на светилки и играчки биле повлечени од продажба. Во овој период граѓаните подготвувајќи се за новогодишните празници интензивно пазарат  подароци. Велат дека се трудат да ги прочитаат информациите на производите и внимаваат што купуваат.

При купувањето на овие производи најважно е да се обрне внимание на декларацијата и ознаките од производителот. Од пазарниот инспекторат предупредуваат дека доколку купите светилки со краток и неизолиран кабел, може да предизвикате пожар.

Она што малку граѓани знаат е дека според Законот за заштита на потрошувачите, во одреден временски период и со прикажување на фискална сметка, продавачот има обврска да го врати и ли замени производот кој е небезбеден за употреба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1