Истражувачи од Бразилскиот научен центар за Земјата предупредуваат дека луѓето да таа мерка го уништиле најважниот екосистем на светот – амазонската прашума или Амазонија, да наскоро нема да може да се самообновува, па Земјата во еден момент би можела да остане без кислород.
Според зборовите на експерти, огромното пространство на шума, познато како белите дробови на планетата, повеќе нема да може да привлече доволно влага и да создаде дожд неопходен за нејзиниот опстанок, поради што ќе се претвори во непрегледна савана.
Последните статистички податоци укажуваат на тоа дека минатата година бројот на исечени стебла во амазонската прашума на територијата на Бразил од 2008 се зголемил за дури 29 одсто. Во таа латиноамериканска земја се наоѓа дури 60 одсто од белите дробови на планетата, а поради аспирациите на луѓето да ги шират обработливите површини и пасишта за добитокот степенот на уништување на дрвја често се зголемува. На тоа треба да се додаде дека законот со кој е пропишано каде и како стеблата можат се искористат често се крши, а нелегалната сеча доведува до драматични последици.
Критичарите на бразилската влада и неодамна повторно избраната лидерка Дилма Русев истакнуваат дека ништо конкретно не е направено за да се запре уништувањето на прашумата. Русев дури неодамна одобри проект за изградба на огромната брана Бело монте, која ќе претставува трет најголем објект од тој вид во светот, а кој ќе доведе до поплави на дури 1500 километри шума и наилно иселување на 40.000 домородци.