Математика на газдите:


BuzzFeed објави видео кое брутално искрено калкулира колку вреди човечкиот живот, во долари.

organ-trafficking

„Во теорија, човечкиот живот нема цена, но за осигурителните компании тој вреди 50.000 долари. Со други зборови, ако операцијата чини повеќе од 50.000 долари, а ќе ви обезбеди една година квалитетен живот – не вреди“, се вели во видеото. Од друга страна, очекувано, платените убијци се далеку посурови во одредувањето на цената на нечиј живот. Просечниот платен убиец ќе ви наплати околу 13.000 долари.

Најдобар пазар ќе направите ако си го продадете телото на делови, која воопшто не е реткост на црниот маркет. Според податоците што BuzzFeed ги има собрано, черепот чини 607$, рамото – 500$, срцето – 119.000$, стомакот – 508$, а дланката – 385 долари. 470 милилитри крв чинат 337 долари, а 25 милиметри кожа чинат 10 долари. Кога се ќе се собере, се добива сума од 500.000 долари, сума која се поклопува со отштетата што ја добиваат семејствата на загинатите американски војници.

Ако од било која причина сакате да знаете колку вредите вие лично на пазарот, можете да го направите овој ТЕСТ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1