Албанец од Македонија осуден на 7 год затвор во Чешка – ќе биде и протеран


Чешкиот суд за шверц на хероин му изрече 7,5 години затворска казна на 56-годишниот македонски државјанин Идриз Зекири, јави дописникот на МИА од Прага.
droga albanecЗекири претходно во 2011 година, условно бил пуштен од затвор каде издржувал петгодишна казна за недозволено држење и производство на дрога и недозволено поседување на оружје.
Последниот пат беше уапсен откако на пат кон чешкиот град Плзењ во неговиот автомобил биле пронајдени две кеси со еден килограм хероин, кои биле скриени.

Зекири одбивајќи да сведочи во судот тврдел дека е невин.
– Судот донесе одлука врз основа на директни докази. Обвинетиот го управувал автомобилот, во чија внатрешност, на воланот и на вратата имаше траги од хероин. Јасно е, дека возел некој кој имал контакт со дрогата и на рацете на обвинетиот имаше траги од хероин, од истиот вид кој се превезувал, изјави судијката Јарослава Бартошова.

Осудениот македонски државјанин ќе биде протеран од Чешка.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1