Албанскиот државјанин Л.М. (33) изгубил контрола над автомобилот, па од патот излетал на тротоарот, директно на 20 туристи кои се враќале од Словенската плажа во Будва.
Во несреќата се повредени српските државјани Владимир (40) и Јелена Јашовиќ (35), Игор Миљковиќ (28) и Ана Марковиќ (31) и нејзината ќерка Емилија (10).
Тие се здобиле со тешки телесни повреди, а некои со полесни и пренесени биле на ортопедската болница во Рисна.
Најтешко е повреден Игор Миљковиќ, на кого на две места му е повреден ‘рбетот, а Владимир Јашовиќ има повреди на рамото и надлактицата, додека пак жените и едното дете се полесно повредени.
Откако ги прегазил туристите, албанскиот државјанин побегнал од местото на несреќата, полицијата успеала да го приведе само совозачот.